ги откри своите најнови шари за претстојната Формула 1 сезона, како и својот нов главен спонзор.

Екипата потпишала договор со новата британска телекомуникациска компанија ROKiT  и поради тоа болидот претстојнава сезона ќе биде доминантно во светло плава боја. Годинава ќе биде прва по 2013 година кога тимот од Гроув нема да го има познатиот спонзор Мартини на својата шасија.

Спонзорот беше промовиран на настан во фабриката во присуство на вториот човек на тимот, Клер Вилијамс, како и двјацата возачи, полскиот повратник Роберт Кубица и Формула 2 првакот Џорџ Расел. Новиот болид во живо за прв пат ќе биде на предсезонскиот тест во Барселона.

рокит се нов телекомуникациски бренд кој е предизвик за денешниот пазар и нуди врвни паметни телефони и технологија, перформанси и дизајн по неверојатно достапна цена, а во исто време има и сопствени безжични мрежи за да светот биде подобро место – гласи официјалното соопштение на вилијамс за својот нов спонзор.

Клер Вилијамс по повод промоцијата на новите шари изјави:

воодушевени сме што можеме да му посакаме добредојде на рокит во нашата екипа како главен спонзор за 2019 година и понатаму. делиме многу слични вредности и аспирации со нив, пред се инженеринг и иновативност како јадро на се што правиме во потрага по најдоброто, совршена платформа за почнување партнерство.

рокит е на возбудливо патешествие во телекомуникацискиот свет како што ние во вилијамс градиме тим за успешна иднина. заедно ќе чекориме за поголем успех и не можам да дочекам да почнеме.

Еден од основачите на Рокит, Џоатан Кендрин, има претходно работно искуство во Формула 1 како инеженр за гуми на Гудиар, а работел и на болидот на Алан Џонс во 1978 година во Вилијамс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.