Во не им се допаѓа здружувањето на екипите во тркачката серија и сметаат дека нивните конкуренти од средина на поредокот со приклонувањето кон големите производители, ја разводнуваат Формула 1.

Британците минатата година ја завршија на последно место во поредокот откако претходните 4 години завршува во топ 5 и дојдоа до вкупно 15 подиуми.

За време на промоцијата на новиот болид, Клер Вилијамс истакна дека со планираните промени од 2021 година треба да се инсистира екипите самите да произведуваат повеќе делови.

со сегашните правила не е воопшто лесно да се биде независен конструктор и да се наптреварувате. веројатно тоа е една од причините шро бевме последни лани откако многу екипи решија да ја продлабочат својата соработка со производителите, но такви се правилата и поради тоа ги поддржуваме фиа и фом и нивните напори во моментов со цел повеќе делови да ги прават самите екипи.

ние сме за таква промена и сакаме промените од 2021 година да го донесат тоа во спортот. горди сме на фактот што сме вистински конструктори и самите го правиме својот болид што е днк на формула 1. тоа не треба да биде разводнето со листата на дозволени делови и јас сум нетрпелива на таква промена – изјави клер вилијамс.

Во секој болид е пропишано кои делови тимот мора сам да ги дизајнра и произведе, но постојат и онакви кои може да ги купи од друга екипа. Хаас, на пример, зема се што е дозволено од Ферари, а нивната соработка често е под лупа на ФИА. Годинава и Торо Росо се реши да земе многу делови од ланскиот болид на Ред Бул.

Либерти Медиа се силно загрижени за соработката помеѓу тимовите и регулирање на истата, поради што сакаат изедначување на трошењето помешу екипите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.