Одлуката nа Роберт Кубица да остане како резервен возач во 2018 година, била клучна работа што му го обезбедила местото на гридот наредната година.

Тој се враќа после многу години во спортот по страшната несреќа во рели шампионатот која речиси да ја уништи неговата кариера.

Минатата сезона тој не го доби местото поради Сергеј Сироткин и остана како резервен и развоен возач за оваа сезона да добие место на гридот покрај Џорџ Расел, Формула 2 првакот од сезонава.

Една од работите што ме импресионираат кај Роберт е фактот што не му дадовме место на гридот и тој сепак остана да биде резервен возач и тоа кажува колку е скромен.

Факт е дека тој имаше мнору работа со тимот и неговото искуство му помогна да го добие местото. Тој се познава со сите во тимот и е посветен и се надеваме дека ќе ни помогне да добиеме перформанси.

Тој го помина процесот на евалуација и беше на врвот. Мислам дека го имаме најдобриот талент за наредната година – објасни Клер Вилијамс


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.