Вилијамс одлучи да не користи менувачи на Мерцедес

194

Вилијамс одлучија да не користат менувачи од Мерцедес следната година по разговорите и преговорите кои ги водеа со ектуелнитеп рваци, а во врска со поширока соработка од 2019 година. Во текот на очајната сезона, екипата од Гроув бара начини да ги подобри резултатите и перформансите колку што можат побрзо.

Една од идеите беше освен мотори, од Мерцедес да се користат и менувачи, нешто што би било поефтино за тимот, а ќе може и повеќе да се сконцентрираат на аеродинамиката. Хаас и Заубер освен мотор од Маранело добиваат и менувачи, а Форс Индија исто така користи менувач од Мерцедес.

Нема да користиме менувачи на Мерцедес и нема да имаме зголемена соработка покрај договорот за снабдување со мотори. Разговаравме за можностите со Мерцедес, но за нас таква соработка нема смисла од повеќе причини – објасни Клер Вилијамс, вториот човек на екипата за motorsport.

Ова доаѓа во екот на зголемената соработка на големите екипи со малите, нешто што се препоставува дека како крајна цел има големите да ги наераат помалитеприватни тимови да бидат против буџетско ограничување во иднина по што војната преку трошењето ќе продолжи. Но, Вилијамс не сака да работи заедно со некоај екипа на тој начин иако се свесни дека ако правилата не се променат, опстојувањето во спортот нема да биде долго.

Секако дека проценивме дали сакаме да направиме нешто такво годинава, но тоа немаше смисла за нас од за нам познати причини. Не дека целосно ја затвораме вратата за поголема соработка, но би сакала правилата да се променат и да не мислиме веќе на тоа.

Ако испадне дека мораме следната година да имаме значително поголема соработка со некој, ќе го направиме тоа и нема да биде крајот на светот. Секако дека нема да биде идеално, но мораме да се адаптираме на промените, во спротивно ќе станеме диносауруси.


Booking.com

Вилијамс одлучи да не користи менувачи на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>