Вилијамс нетрпеливи за фидбекот на Кубица

162

Со цел да го подобрат болидот во најкус период, Вилијамс му доверија на Роберт Кубица петочна сесија за време на Големата награда на Шпанија и се многу нетрпеливи за фидебкот на полскиот возач. Како и останатите екипи, така и тимот од Гров, ќе донесе многу новини на автодромот крај Барселона.

По разочарувачките први три трки во сезоната, следуваше Баку каде екипата стигна до своите први поени.

Велат дека доколку имате брз болид во Барселона, ќе имате брз болид и на останатите патеки од календарот во сезоната.

Ова е прва трка на која традиционално се промовираат многу новини и подобрувања така што и нашите камиони се полни се делови кои мораме да ги процениме и кои не сме ги користеле до сега.

Носиме значителни подобрувања во Шпанија, но тоа не е различно споредено со останатите екипи – појасни Пади Лоув, Техничкиот шеф на екипата.

Британецот смета дека можноста да се вози со Кубица на Т1 во петок ќе биде многу значајна и користна за екипата.

ЌЕ биде тежок викенд за нас, го имаме Роберт Кубица во Т1 наместо Сергеј Сироткин во неговото прво појавување во болидот во Петок сезонава.

Програмата планирана за Петок е навистина обемна и ќе биде интересно да се чуе фидбекот на Роберт за болидот. Сергеј има извозено многу кругови на оваа патека во текот на предсезоната, така што пропуштање на воведните 90 минути нема да му штети многу.

Претходно тимот потврди дека по крајот на трката ќе тестира со Кубица и Роуланд.


Вилијамс нетрпеливи за фидбекот на Кубица

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>