Вилијамс нема да менува возачи пред Русија

66

Форс Индија и Вилијамс откриваат дека не очекуваат промена на нивните возачи се до по Големата награда на Сингапур. Откако Лоренс Строл ја купи Форс Индија, логично е да се смета дека ќе го повлече својот син во тимот уште сезонава за да може што подобро да го подготви за она што следува од следната година.

Теоретски Роберт Кубица би можел веднаш да го превземе неговото место затоа што тимот пријави на почетокот на годината дека ќе го користи како резерва, по што прекуброен би останал Естебан Окон. Мерцедес прават напори да го сместат Естебан Во Мекларен кои подолго време не се задоволни од перформансите на Стофел Вандорн.

Мислам дека наскоро нема да се случи никаква промена на возачите. Има многу надежи, но и пречки кои треба да ги преминеме, особено со купувањето на Форс Индија. Штом тоа ќе се случи мислам дека работите ќе почнат да се движат, но мислам дека тоа ќе почне по трката во Сингапур.

Можеби околу Русија или Америка, тој период, ќе мораме да почекаме и да видиме. Во моментов ништо не се знае – појасни Клер Вилијамс.

Сингапур е патека од која Форс Индија очекуваат многу и поради тоа сигурно дека нема да менуваат возачи во пресрет на таа трка на која веќе најавија дека ќе донесат новини и подобрувања на пакетот со кој располагаат.

Не мислам дека ќе менуваме нешто во тимот пред Сингапур. Треба да анализираме до каде сме за следната година, но да не заборавиме дека мораме да освојуваме уште поени годинава. Мислам дека сега сме на 9то место и имаме цел да стигнеме малку повисоко и фокусирание сме на тоа. Во моментов не размислуваме на возачите.

Во Белгија освоивме најмногу поени во сезоната, дури 18 и треба да продолжиме во тој ритам – изјави Отмар Шафнауер, првиот човек на Форс Индија.


Вилијамс нема да менува возачи пред Русија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>