Вилијамс нема да ангажира повеќе инженери

87

Пади Лоув вели дека Вилијамс преферира да ги искористи своите инженерски ресурси за да ја подобри формата на ФВ41 болидот.

Тимот од Гроув имаше тежок старт во 2018 година, а нивните возачи по првите неколку трки возач на задниот дел од гридот, додека перформансите на нивните болид се далеку од очекувањата.

Лоув признава дека екипата мора да работи на повеќе проблеми истовремено.

Не го објавуваме тоа во јавноста, но има многу активности во Вилијамс за поправање на проблемите.

Во однос на возачите, за борба за титула, ок, тие треба да имаат искуство. Кога станува збор за најмалата разлика, само најголемите шампиони се способни за наоѓање на истата. Ние не очекуваме нашите возачи сега да бидат дел од таа група.

Ние сме навистина задоволни со нив. И двајцата имаат голем потенцијал, а според нас, тие го покажуваат тоа. Недостатокот на резултати од Вилијамс е поради болидот, а не возачите. Ние мора да го решиме тој проблем – изјави Лоув.

Лоув исто така негираше дека се обиделе да ги решат проблемите преку ангажирање на дополнителен инженерски кадар, како Тим Гос, кој од скоро си замина од Мекларен.

Не. Го вработивме Даг Мекирнан во Февруари, но јас немам планови да ангажирам повеќе луѓе. Предизвикот е да ги координираме луѓето кои ги имаме сега.

Понекогаш работите не функционираат – проблемите се појавуваат кои никој не ги очекува, а тоа не мора да значи дека е поврзано со инженерите. Формула 1 тимовите секогаш поминуваат низ добри и лоши моменти – додаде Лоув.


Вилијамс нема да ангажира повеќе инженери

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>