Вилијамс мораат повеќе и подобро

76

Клер Вилијамс откри дека добро знаат каде треба да се подобрат сезонава за да се вратат во игра во разочарувачката 2018 година. Трофејната екипа од Гров се мачеше на сите досегашни трки, но сепак, граскиот Баку на некој начин ги маскиршае нивните слабости и беа солидни.

Британците не очекуваа годинава да победуваат на трки, но перформансите кои ги имаат се многу под целите поставени за оваа сезона.

Не ни мислевме дека сезонава ќе победуваме, не сме толку наивни и знаеме дека тркање со Ферари, Мерцедес и Ред Бул со нивниот напредок и нивните буџети е лудо да се размислува.

Имавме реални цели така што нашето разочарување е јасно, но не е крај на светот, ова е спорт и сите екипи имаат подеми и падови. Треба да анализираме подлабоко, да работие понапорно, да ги направиме потребните промени и да напредуваме.

Имаме јасен план што треба да поправиме, некои промени ќе бидат направени брзо, а за други ќе треба подолго време. Но, знаеме каде се движиме и амбицијата е висока  – појасни Клер.


Вилијамс мораат повеќе и подобро

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>