Тимот на Вилијамс беше казнет со 25,000 евра поради загрозување на безбедноста на механичарите, откако возачот Ленс Строл небезбедно беше пуштен на патеката на трката во Мексико. Еден член на персоналот беше турнат на земја по напуштањето на боксот на Строл за време на неговото второ влегување, но за среќа тој помина неповреден.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Стујардите пресудија дека болидот бил небезбедно пуштен и механичарите биле загрозени.

Стујардите одлучија дека целото менување на гуми било комплетено, но механичарот бил заглавен и немал координација која завршила со негов пад. Покрај тоа немал никакви повреди и тимот треба да се осигура дека персоналот е далеку од болидот кога тој е пуштен да се врати на патеката – објаснуваат стјуардите.

Ферари беа казнети со 50,000 евра во сличен инцидент во Бахреин кога нивни механичар заврши со скршена нога.

За одлуката за казната, стујардите го разгледаа случајот од Бахреин. Во тој случај замената на задната лева гума беше поспора и затоа беше пуштен болидот и механичар заврши со сериозна повреда.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.