Вилијамс и Мерцедес во преговори за поблиска соработка

141

Вилијамс и Мерцедес ја разгледуваат можноста да остварат поблиска соработка во период кога легендарниот тим од Гроув се обидува да се врати на победничките патеки по ужасната сезона досега.

Вилијамс опаѓаат се повеќе и повеќе и моментално се на последно место во пласманот, со само 4 поени, помалку од нивниот најблизок ривал, Заубер, кои имаат 18.

Можноста да имаат поблиска соработка со снабдувачот на агрегати Мерцедес е обид да се подобрат перформансите на Вилијамс, а Пади Лоув признава дека се отворени за идејата, која би била слична на соработката помеѓу Хаас и Ферари во која што американците користат се што е дозволено од Ферари во рамки на правилата, на некој начин станувајќи нивен Б тим.

Формула 1 се менува. Форс Индија беа едни од првите кои се откажаа од идејата да бидат независен конструктор кој би произведувал се освен моторот.

Гледаме се повеќе екипи кои користат менувачки кутии од надворешен снабдувач. Сега го имаме и моделот на Хаас, кои пак присвоија се што е дозволено. Ги разгледуваме сите тие опции бидејќи мора да го направиме тоа, за себе. Мора да се развиваме со времето и да направиме се што е во најдобар интерес на тимот.

Вилијамс има силна култура на независна екипа, конструктор, не само во делови за кои ние сме одговорни, туку и за производство. Имаме капацитет да произведуваме во наши објекти и горди сме на тоа. Нема драстично да се одделиме од тоа. Но отворени сме на нови идеи – изјави Лоув.


Вилијамс и Мерцедес во преговори за поблиска соработка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>