Иако Вилијам имаа мала надеж за добар резултат по квалификациите каде Сергеј Сироткин се квалификуваше на 12та позиција, двата болида откажаа за време на трката.

Сироткин се надеваше дека ќе ја искористи шансата на трката во Германија откако влезе во К2. Тој имаше добро темпо и се бореше за топ 10 позиција. Но, протекување на моторно масло пред време ја прекина неговата трка.

Имав добра трка и доста борби од стартот. Некои битки ги добив но на од некои не можев да се одбранам. Мислам дека имав добра трка и добро ги менаџиравме гумите. Темпото беше достојно и кога започна дождот, и бев сигурен дека ќе се приближам до болидите пред мене. Тогаш се појави безбедносното возило и нашата шанса пропадна бидејќи откажаа двата болида – изјави Сироткин.

Неговиот тимски колега Ленс Строл имаше проблеми со сопирачките и тој предвреме ја заврши трката.

Морав да се откажам бидејќи откажаа сопирачките. Имавме добри квалификации иако темпото не беше добро. Среќен сум со мојата трка. Во еден момент бевме во ветувачка позиција но тогаш дојде дождот. Хартли освои поен а ние бевме пред него пред да смениме на интермедиа гуми и подоцна се откажав поради проблемот. Секако изгледавме доста добри. Штета е што не успеавме да профитираме од мешаните услови.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.