Формула 1 тимот на стигнале до дното во однос на перформансите во 2018 година, смета техничкиот шеф Пади .

Екипата од Гроув ја заврши сезоната на последно место во конструкторскиот шампионат, најлош резултат во нивната долга формула 1 историја, а ФВ41 болидот се покажа очајно лош, надополнет со неубедливите перформанси на младите Ленс Строл и Сергеј Сироткин. Падот на перфрмансите на тимот е дотолку поголем ако се земе во предвид дека претходните четири години возач на екипата завршуваше на подиум.

сезоната беше многу тешка за екипата, но и за мене лично, мислам дека беше една од најтешките кои сум ги имал во формула 1. многумина почнаа да го ценат и почитуваат она со што се мачевме оваа сезона, но реагиравме бавно. од друга страна, сметам дека го достигнавме дното на перформансите, што значи дека се враќаме на падот на опоравувањето – објасни лоув.

Во првиот дел од сезоната Вилијамс го започнаа процесот на опоравување, откако сфатија дека имаат лош концепт на болидот. Мааните беа темелно испитувани, а лошите резултати штетеле на целата компанија.

немавме најдобра година, секако дека не се надевавме на ваква лоша сезона. јасно е дека многу погрешивме и веројатно дека некои работи потценивме. од наша гледна точка, мораме да ги гледаме позитивните работи и би рекла дека имаше неколку такви. ни даде можност да ресетираме некои работи и да направиме соодветна анализа за да дознаеме што доведе до грешките.

ги испитавме сите елементи од процесите, организацијата на луѓето, структурата, процедурите и се останато. во иднина ќе правиме подобри болиди – дополни клер вилијамс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.