Екипата на Вилијамс Ф1 поминале низ долготрајна и детална истрага над секој елемент од нивната организација по проблемите низ кои поминаа во 2018 година.

Вилијамс ја имаа една од најлошите сезони во Формула 1 минатата година откако успеаја да освојат само 7 поени и да паднат на дното во генералниот пласман.

ФВ41 се докажа како проблематичен болид по неуспешниот радикален дизајн, со што тие располагаа со најнеконкурентниот пакет на гридот. Лоша серија на резултати доведе до заминување на високи функционери во тимот од техничкиот оддел.

Кога сте таму каде бевме ние минатата година, мора да го разгледате секој елемент од вашиот бизнис и токму тоа го направивме.

Да се обидете да промените само една работа или да го правите истото, а да очекувате поинаков резултат, нема да ве посочи во насока во која сакате да се движите, така што моравме да разгледаме буквално се.

Очигледно ги сменивме возачите, променивме одредени структури во организацијата, работевме на перформансите и мислам дека единствено нешто што го оставивме е моторот за оваа година.

Моравме да се осигураме дека сите делови од сложувалката ќе функционираат како што треба – изјави Клер Вилијамс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.