Вилијамс бара повторно разгледување на казната на Сироткин

88

Вилијамс побара од стјуардите повторно да ги разгледуваат неколкуте инциденти на почетокот од Големата награда на Азербејџан, вклучително и сударот на Сироткин кој му донесе казна од 3 позиции на стартот во Шпанија.

Спорниот инцидент беше помеѓу Сироткин и Перез во пресрет на 2от свиок на патеката веднаш по стартот на трката. Тимот исто така побара и дополнително разгледување на инцидентите помеѓу Пјер Гасли и Кевин Магнусен за кој данецот беше казнет, како и контактот помеѓу Кими Раиконен и Естебан Окон кој се сметаше за обичен тркачки инцидент.

Понтаму, тимот од Гров побара анализа и на инцидентот помеѓу Сергеј Сироткин, Нико Хулкенберг и Фернандо Алонсо по кој шпанецот заврши со две дупнати гуми по излезот на втората кривина и оштетен болид.

Првичното дополнително сослушување ќе се слуи денеска во 10 часот по британски време со цел да се види дали има доволно докази за дополнително испитување на доказите.

Доколку се најдат доволно докази и нови телеметрски докази, второ сослушувасње на доказите ќе следува.


Вилијамс бара повторно разгледување на казната на Сироткин

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>