Виетнам сака трка од 2020

61
   

Виетнам сака да стане дел од Формула 1 календарот од 2020 година со организација на градска трка во главниот град Ханои. Либерти Медиа подолго време сакаат да го прошират календарот, а Виетнам е еден од најсериозните кандидати.

Плановите за трка во Мајами од 2019 година се одложени, а Копенхаген целосно се откажа поради преголемите трошоци кои се бара да ги покрие државата. Директорот за трка во ФИА, Чарли Вајтинг, потврди дека напредок има во Виетнам кои може многу брзо да влезат во тркачката серија.

Нема напредок во однос на изградба на патеката, но истата е идентификувана и е во напредна фаза од дизајнот. Колку што знам јас, тие целат да организираат Гранд При трка во 2020 година што не би требало да биде проблем врз база на искуствата од минатото – изјави Вајтинг.

Чарли потврди дека патеката ќе биде направен во Западниот дел на Ханои околу 12 километри од центарот на градот.

Главно би требало да се вози по улици, но има и дел кој сеуште не е изграден. Се работи за отворен простор каде треба да биде падокот и боксовите. Исто така треба да изграден и дел од патеката кој во моментов не пстои. Но, потоа и тој дел ќе стане пат.


Виетнам сака трка од 2020

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>