Формула 1 првакот Луис Хамилтон и второпласираниот возач сезонава, Себастијан , разменија кациги по крајот на последната трка, возена во Абу Даби, како знак на почитување.

Двајцата возачи се бореа за последните две титули, а британецот во двата наврати беше поуспешен. Размената на кациги на Јас Марина, Луис ја спореди со менување на дресови во фудбалски жарготн.

ова е еден вид доброволна работа, но покажува најголемо ниво на почит кој го има помеѓу возачите. слично на менување дресови, овој е мој, одлична работа годинава и задоволство е да се тркам против тебе – објасни луис.

Германецот потенцираше дека навистина бил нетрпелив да размени кацига со Хамилтон, нешто што го прави за прв пат во својата кариера.

одлично постигнување луис, пет титули тоа е големо постигнување, се надевам дека ќе ти попречам да освоиш повеќе – одговори фетел.

На крајот, Хамилтон се пошегува дека никогаш нема да може да ја користи кацигата на Себастијан затоа што тој има мала глава.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.