Сергеј Сироткин и Луис Хамилтон за малку избегнаа сериозен инцидент во вториот квалификациски сегмент за Бразилското Гранд При.

И двајцата возачи се подготвуваа за својот летечки круг, но Сироткин со полна гас се обиде да се избори за подобра позиција при својот круг, налетувајќи на Луис Хамилтон пред последниот свиок, кој изреагира опасно и преагресивно, по што Сироткин мораше да го избегне поминувајќи надвор од патеката.

Стјуардите сеуште не се изјасниле дали инцидентот ќе биде разгледан и дали ќе следува потенцијална казна, но тоа не го спречи Хамилтон во меѓувреме целосно да го обвини Сироткин, притоа истакнувајќи дека не покажал доволно почит.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.