(Видео) Нема казни по инцидентот Магнусен – Алонсо

129
   

Стјуардите во Силверстон одлучија да нема дополнителни санкции за Фернандо Алонси и Кевин Магнусен по нивниот меѓусебен инцидент на првата тренинг сесија.

Нандо го обвини К-Мах дека се обидел два пати да го удри додека се бореа за место на патеката. Откако ги разгледаа снимките стјуарите заклучиле дека Магнусен го притиснал Алонсо на кривината Бруклендс, но нема да биде превземена некаква санкција против данецот.

Стјуардите ги разгледаа видео и аудио снимките и ги сослушаа двајцата возачи и претставниците на тимовите. Јасно беше од комуникацијата дека возачите добиле погрешни информации за програмата на другиот или не знаеле каква намера има другиот.

Стјуардите сметаат настаните помеѓу двата болиди не биле потенцијално опасни нити дека болидите биле пребавни со оглед на недоразбирањето и околностите. Поради тоа стјуардите нема да превземаат ништо дополнително – гласи соопштението на ФИА.


(Видео) Нема казни по инцидентот Магнусен – Алонсо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>