(Видео) МотоГП, Тајланд: Брутален пад за Лорензо

522
   

Возачот на Дукати, Хорхе Лорензо, најверојатно ќе ја пропушти трката во Тајланд во МотоГП првенството, по страшен пад во втората петочна тренинг сесија. По падот тој беше пренесен во болница, а потоа и отпуштен со контузии на левата рака и десната нога.

Падот е видлив на 30 секунди од видео записот.

Шпанецот кој заврши со повеќе гребаници и контузија на левиот зглоб на раката и десниот зглоб на ногата, веќе негуваше повреди со кои се здоби на трката во Арагон.

Ако ме прашате сега, најверојатно нема да возам во Сабота. Поради претходната фрактура, повредата од Арагон, сега е полоша ситуацијата, не е поголема фрактурата, но болката е поголема.

Покрај тоа, имам големи контузии на левиот рачен зглоб и десниот зглоб на раката. Неможам да стапнам на земја со ногата.

Ако ме прашате сега, не би возел. Не би сакал да избрзам, ќе почекам преку ноќта и ќе видам како се чувствувам наутро – изјави Лорензо.

Од екипата на Дукати истакнаа дека падот не е вина на Лорензо, сметајќи дека се работи за механички проблем кој довел до инцидентот.


(Видео) МотоГП, Тајланд: Брутален пад за Лорензо

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>