Трката во Канада во 2011 година беше таква што долго ќе се памти. Стартот беше под дожд и по слабата видливост Батон го насочи својот тимски колега Луис Хамилтон право во ѕид и му ја заврши трката.Излезе безбедносното возило поради инцидентот, а Џенсон доби и казна за минување низ бокс поради брзо возење зад безбедносното возило.

Силниот дожд предизвика црвено знаме и прекин на трката, а при самиот рестарт Батон имаше контакт со Алонсо на Ферари и го исфрли од трката откако паралелно влегоа во една летечка кривина. По контактот заработи и пукната гума по што влезе во бокс за замена на истата.

Излезе како последен, но напредуваше силно кон врвот. На три кругови пред крајот го мина МАрк Вебер за 3то место, потоа Шумахер за 2ро, а последниот круг го принуди Себастијан Ветел на грешка и ја однесе победата.

Трката траеше над 4 часа и со тоа стана најдолга трка во историјата.


Booking.com

Видео: Канадското чудо на Батон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>