(Видео) Гросжан го уништи болидот, нема да вози на Т2

201
   

Роман Гросжан нема да учествува на втората петочна тренинг сесија откако заврши во оградата при голема брзина во текот на воведните 90 минути во Силверстон.

Французинот се изврте на Аби откако одбра да мине со отворен ДРС систем на неговиот ВФ18 по стартно целната рамнниа, се изврте по песокот крај патеката и заврши во заштитната ограда од гуми. Предниот лев дел од неговиот болид беше значително оштетен.

Дотогаш тој со својот конкурентен болид веќе имаше поставено 7мо најбрзо време на денот и беше најдобар од останатите.

Од Хаас процените дека оштетувањата кај него биле доста големи по што французинот нема да го гледаме на втората денешна сесија.

Инциденти на првите 90 минути имаше и Кевин Магнусен кој два пати дојде преблиску до Фернандо Алонсо и одлука дали ќе биде казнет сеуште се чека.


(Видео) Гросжан го уништи болидот, нема да вози на Т2

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>