Фернандо Алонсо пристигна на Унгарското Гранд При во 2003 година како најмлад освојувач на пол позиција на квалификации и најмлад возач кој стигнал до подиум во историјата на Формула 1, а замина со уште еден рекорд за себе.

Тргна од пол позиција и остана на прво место по стартот иако Кими Раиконен на Мекларен даде се од себе да го следи во чекор шпанецот, но водството на Нандо се зголемуваше.

На 10 кругови пред крајот доминацијата на Фернандо беше толку голема што го мина Михаел Шумахер за цел круг и заврши 17 секунди пред Кими Раиконен.

На оваа трка Алонсо го сруши рекордот за најмлад победник на трка кој од 1959 година беше сопственост на Брус Мекларен. Фернандо ќе биде сопственик на овој рекорд од 22 години и 26 дена само 5 сезони откако во Монца во 2008 година Ветел ќе стане најмлад победник со 21 година, 2 месеци и 11 дена. Лани апсолутен рекорд во таа категорија постави Макс Верстапен со 18 години 7 месеци и 15 дена.


Видео: Алонсо станува најмлад победник на трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>