Ветел фрустриран од квалификациите

1138

Себастијан Ветел ги опиша своите перформанси на денешните квалификации како недоволно добри откако се што успеа е да постави време за втор ред, односно трето место.

Утринската сесија ја издоминира со половина секунда во однос на Мерцедес, но кога беше најпотребно загуби не само од Хамилтон, туку и од Макс Верстапен.

Секако дека не сум среќен со тоа како се одвиваа квалификациите. Не беше како што очекувавме и како што планиравме, веројатно другите завршија подобра работа од нас и поради тоа сум трет. Не сум загрижен од заостатокот во однос на Хамилтон затоа што тоа не покажува колку сме силни, но разочаран сум што не извадив максимум од пакетот.

Никој од првите шесторица не го подобри своето време во вториот К3 обид откако Хамилтон извлече феноменалн круг во својто прв обид со В09.

Се надевавме на повеќе од трето место, Луис имаше одличен круг и му честитам, но мислам дека неговото време беше победливо.

Начинот на кој ги одработивме квалификациите беше тешко да се фати ритам, се мачев во К1, се мачев во К2, се мачев и во К3. Како што реков, другите направија подобра работа од нас, вклучително и Луис чиј круг беше тоа што ние го баравме.

Не сакам да одземам ништо од постигнувањето на Хамилтон, но јасно е дека ние можевме побрзо, но нема поента да навлегувам во детали. Можеби погрешивме со подготовката за квалификациите, но на крајот немавме кругови какви што се надевавме.

Италијанците се коцкаа и во вториот квалификациски сегмент се обидоа да минат во К3 со потврдиот ултрасофт, сакајќи да осигураат едно влегување во бокс по нови гуми, но не успејаа во тоа.

Јасно беше што сакавме да направиме, се обидовме и не успеавме.


Booking.com

Ветел фрустриран од квалификациите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>