Според Себастијан Ветел, Ферари ќе има поголем потенцијал во трките кои следуваат по летната пауза. Германецот сега има заостанување од 24 поени позади Луис Хамилтон во генералниот пласман.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Во последните пет или шест трки, Ферари имаа и добри и лоши моменти, но Ветел посочува дека имаат повеќе  перформанси во себе. Токму тие дополнителни перформанси му даваат надеж на четирикратниот шампион во останатите девет трки.

Оваа година нашиот болид е поефикасен, посилен и има уште повеќе потенцијал во него. Прилично сум убеден дека можеме да се подобриме уште повеќе.

Нашиот болид има голем потенцијал, така што се чувствувам опуштено, ќе биде полесно на трките кои следуваат. Убеден сум дека имаме болид со кој може да се бориме против Мерцедес и да завршиме добра работа – изјави Ветел.


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.