Ветел смета дека третиот ДРС ќе го развлече гридот

330
   

Себастијан Ветел изрази загриженост дека новата, трета ДРС зона на Силверстон може да им биде од корист на големите екипи и дека истата уште повеќе ќе ја потенцира разликата помеѓу перформансите.

По крајот на стартно целната рамнина, за време на летечките Аби и Фарм кривини, возачите викендов ќе смее да имаат отворен ДРС, кој секогаш се деактивира со прискање на сопирачките. Теоретски, ако некој оди под полна гас, може да ги комплетира кривините под ДРС.

Ќе биде тешко и ќе биде сложено и не сум сигурен дека ќе можеме да минеме низ кривините со отворен ДРС. Ќе се обидеме, има нов асфалт имаме модифицирани гуми, така што треба да пробаме.

Ако некој има храброст и сака да го проба тоа, дефинитивно сме ние затоа што големите екипи произведуваат најмногу потисна сила од своит ешасии.

Не знам дали беше намера повеќе да се развлече гридот, но сигурен сум дека болидите со помалку потисна сила ќе се мачат да минат таму под ДРС – појасни германецот од Ферари.


Ветел смета дека третиот ДРС ќе го развлече гридот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>