Ветел: Самите се победивме

1349

Себастијан Ветел повторно пропушти можност и заврши само на 3то место на Големата награда на Сингапур гледајќи го најголемиот ривал за титула како победува од пол позиција и го зголемува своето водство во поредокот на 40 поени. Ветел го нападна Верстапен и му го превзема второто место уште во првиот дел од првиот круг, но раното влегување во боксот повторно му овозможи на Верстапен да си ја врати позицијата, а Ферари не успејаа да нападнат иако имаа побрзи гуми од Ред Бул.

Немаме шанса. Повторно задоцнивме. Овие гуми нема да издржат до стартот – се јави Себ преку тимското радио откако свати дека го загубил 2то место од Верстапен.

Тој втората серија ја извозе на ултрасофт за разлика од двајцата пред него кои имаа жолти софт, но не успеа да се доближи.

Се обидовме да бидеме агресивни од самиот почеток и очигледно не ни се исплатеше. Со начинот на кој се тркавме денеска и со стратегијата, немавме никаква шанса за победа.

Пред викендот реков дека единствено сами себе можеме да се победиме и тоа го направивме денеска, не вадејќи никакви перформанси од нашиот пакет. Се на се не бевме доволно брзи, немавме никаков ритам на трката.

Проблемите со стратегијата уште повеќе ни одмогнаа и апсолутно не бевме во конкуренција за подобар пласман затоа што очигледно тоа што се обидовме да го направиме не ни успеа.

Ред Бул одлично реагираа и си ја вратија позицијата минувајќи не преку бокс. Остана главен приоритет за мене да биде да ги сочувам гумтие до крајот на трката за да не загубам уште позиции.

Стратегијата беше да дојдеме пред Луис, но не успеавме и беше штета што го загубивме и второто место додека го правевме тоа. Фокус остана задржување на подиумот.

Кога се вратив на патеката не бев убеден дека ќе можам да ја завршам трката со тие гуми, но успеав. Бев изненаден кога видов дека Валтери не може да ме следи и дека се мачеше повеќе од мене. Јасно е дека не бевме брзи како за победа и мораме да дознаеме зошто. Се обидовме да му ја земем позиција на Луис, но тој беше премногу брз. Штом сте прв можете да го контролирате ритамот на сите, но не успеавме да додјеме во таква позиција.

Секогаш ќе го бранам тимот и одлуките кои ги носиме на трка, се обидуваме да бидеме агресивни, се обидуваме да победуваме, но секогаш не успавме. Се на се имаме силен пакет, јас и Кими изгледавме конкурентно цел викенд, но на крајот завршивме на 3то и 5то место. Исто како и вчера пласманот не беше согласно брзината на болидот, тоа е тоа што го мислам кога велам дека не извадивме се од себе и болидот.

Луис рече дека не се надевал дека ќе дојде тука и ќе освои 10 поени, но ние не се надевавме дека ќе дојдеме и ќе загубиме 10. Исто така, не верувам дека имаме далеку најбрз болид како што велат луѓето, но знам дека имаме брз и добар болид. Брзина имаме, но денеска бевме некако побавни од вообичаено, но тешко е да се заклучи зошто.

Немаме никаква причина да се пашиме од тоа што следува на следните трки – оптимист е Ветел.


Ветел: Самите се победивме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>