Ветел сака возачите да решаваат за правилата

190

Себастијан Ветел од Ферари не е задоволен со новите правила кои ќе бидат промовирани следната година со кои се планира да се подобри следењето на болидите како и претекнувањето на трките. Претходно, шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека правилата се избрзани и незрели, а со поранешниот свој шеф се согласува и Себ.

За мене новите правила се по малку смешни. Во 2009 година решивме да користиме помалку аеродинамика за подобро тркање, но очигледно дека тоа не промени многу. Потоа седнавме и решивме да ставиме повеќе аеродинамика, да ги направиме болидите пошироки и поспектакуларни. Возачите беа  задоволни затоа што болидите беа поубави, поспектакуларни, а бевме истоштени по трка.

Сега, спротивно на тоа, сакаат да ги направат повторно побавни. Како да одиме со брод преку Океан и да ја менуваме насоката 100 пати – смета Ветел.

Себ смета дека многу подобра идеја е да се даде глас на возачите за основната структура и насоката на развој на болидите.

Не велам дека ние возачите знаеме се, но знаеме како е чувството во болидот, огранчувањаа за претекнување, но треба да бидеме прашани.


Ветел сака возачите да решаваат за правилата

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>