Ветел призна дека проблемите биле во шасијата, не го гумите

518

Себастијан Ветел откри дека директната споредбата направена помеѓу гумите кои Пирели ги донесе за Големата награда на Шпанија и нивниот нормален дизајн откриле дека проблемите на Ферари не бил Пирели, туку нивната шасија.

По неубедливите перформанси на СФ71Х на трката изниатиот викенд, германскиот возач обвини дека помалиот гумен слој за 0,4 милиметри кај гумите донесени за трка поради новиот асфалт, би клуч за нивниот “неуспех“. Сепак, првиот ден кој го комплетираше германецот потврдил дека не бил во право.

Имавме добар и чист ден. Јасно е дека никогаш не може да добиеме шанса да ревидираме некои одлуки како што имавме шанса со тестот по трката кој го правевме со вообичаените гуми. Сигурен сум дека доколку се тркавме со нив ќе беше полошо, така што одлуката на Пирели е исправна. Грешката што немавме исто трошење на гумите како и останатите е наша.

Одлично е што имаме тест на кој добиваме можност да споредиме и имаме идеја каде бил проблемот, а сега е до нас тие идеи да ги реализираме.

Во однос на времето бев добар на тестот во однос на лошиот викенд за нас, не бевме доволно брзи на трка повеќе одошто се мачевме да ги менаџираме гумите. Тие две работи се поврзани така што беше добра можност да се разгледа повторно ситуацијата.

Однадвор е јасно дека Мерцедес имаа подобар викенд без никакви големи проблеми, но ние треба да се анализираме себе си, да се фокусираме на болидот и да ги поправиме нашите проблеми за повторно да бидеме силни  – смета Себ.


Ветел призна дека проблемите биле во шасијата, не го гумите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>