Ветел предвидува тесна битка

350

Себастијан Ветел предвидува уште една жестока борба за пол позиција на утрешните квалификации за Германското Гранд При.

Болидот работеше одлично денеска и имавме многу нормален Петок. Сега треба да анализираме како сме во однос на конкуренцијата – смета Себ.

Вемето на возачот на Ферари беше 4то по вредност во текот на денот и беше за 225 илајдитинки побавен од времето поставено од страна на Макс Верстапен. Ветел призна дека Ред Бул е сериозно во борбата за пол позиција.

Не видов многу од Ред Бул во текот на долгите серии, но дефинитивно се брзи во еден круг. Се чини се се многу блиску со нас, особено во еден круг.

Денеска пробав по малку од се и мислам дека изборот на гуми кој го користевме денеска е одличен. Не сум многу среќен со кругот на ултрасофт, но мислам дека болидот е добар, а утре ќе биде уште подобар. Сеуште ни недостасува малку во однос на брзината во еден квалификациски круг, но знам дека можеме да се подобриме.

Ќе биде клучно да имаме добри квалификации затоа што тоа секогаш помага многу за финалната победа – смета Ветел.


Ветел предвидува тесна битка

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>