Ветел: Победа во Унгарија за заборавање на Хокенхајм

357

Себастијан Ветел изјави дека сака да приреди трка за паметење во Унгарија откако направи грешка излетувајќи се во Германија и завршувајќи ја трката додека водеше. На петочнтие сесии тој беше најбрз пред болидите на Ред Бул и очекува уште посилен викенд.

Веројатно е добро да се има трка уште следниот викенд за да се исчисти главата и да се фокусира на следната работа. Верувам дека можеме да иамме трка за паметење и да заборавиме на она што се случи минатата недела.

Квалификациите овдека како и стартот на трката во Недела е бидат клучни затоа што претекнувањето е навистина тешко. Кој е да е напре по првите неколку кривини ќе има голема шанса да заврши таму, но да се стигне до челото треба да се направат добро неколку работи и знаеме дека ни претстои доста работа – смета Ветел.

И покрај тоа што знае дека има многу работа во текот на викендот, неговиот СФ71Х болид беше добар уште на првите тренинг сесии.

Задоволен сум со она што се случуваше во Петок, позадоволен сум од Т1 одошто од утринската сесија и мислам дека болидот е добар во текот на еден летечки круг. Сеуште можеме да се подобриме, но ова беше еден од подобрите петоци сезонава. Јасно е дека во последно време имаме подеми и падови, така што денеска бевме супер.


Ветел: Победа во Унгарија за заборавање на Хокенхајм

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>