Себастијан Ветел смета дека неговиот ривал за Формула титулата, Себастијан Ветел, го притиснал во првиот круг и не му оставил место да мине во првиот круг од Италијанското Гранд При. Германецот успеа со многу претекнување да заврши на 4то место откако се изврте по контактот со Луис од првиот круг.

Луис ја однесе победата минувајќи го Кими Раиконен во борба на патеката по што ја зголеми предноста во возачкиот поредок на 30 поени.

Луис виде простор од надворешната страна, но така не ми остави воопшто место да минам и јас немав никаков избор освен да направам контакт со неговито болид. Се обидов веднаш да се вратам, но се извртев целосно на обратна страна што беше голема иронија – објаснува Ветел.

Хамилтон продолжи и додека Раиконен не влезе во бокс ја мина на второ место, но го мина на патеката за побеа на крајот. Ветел по сударот мроаше во бокс по ново предно крило, два пати менуваше гуми откако софт непредвидено брзо се оштетија, заврши на 5то место, но поради казната на Макс Верстапен заврши 4ти.

Кога сте свртени сосема обратно, работите не изгледаат воопшто добро. Но, од сударот возев добро и се обидов да вратам колку што можам повеќе позиции, дојдввме до добри поени, а можеше денот да заврши многу полошо за нас.

Јасно е дека не е убаво кога губам поени, но не е крај на светот, сите ќе се разбудиме здрави и прави утре наутро. Секако дека сум разочаран и тажен во моментов поради целиот тим и сите кои дојдоа да не бодрат, поддршката беше неверојатна, но за жал не успеав да им вратам за тоа.

Но што може да напавите кога ќе се извртите. А можеше да биде одлична трка, но не беше така. Сепак, беше ,многу забавно, вероајтно една од позабавните трки, но не можам и не смеам да бидам задоволен на крајот.

Ферари на збриша конкуренцијата на Спа пред една недела, но овој пат не успеа да ја материјализира брзината. Себастијан е убеден дека сеуште се побрзи од Мерцедес и иако заостатокот во проедокот е најголем сезонава, не се сомнева дека ќе стигне.

Не сум многу загриен затоа што имаме одличен ритам. Поените изгледаат како многу, но всушност не треба многу трки за да се надомести.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.