Ветел: Никој не го брза Леклер во Ферари

231

Себастијан Ветел смета дека и покрај чесите шпекулации кои го поврзуваат Шарл Леклер со Ферари, младиот возач не смее да почувствува притисок и да побрза да се приклучи во Маранело наместо Кими Раиконен уште следната година.

Возачот од Монако е импресивен годинава, има одлични перформанси со просечниот Заубер, што ги натера медиумтие веднаш да го посочат како евентуална замена за Раиконен, доколку договорот на финецот не биде продолжен за 2019 година.

Јас би бил среќен да продолжам со Кими, но јас не се прашувам и таа одлука не е моја. Сметам дека Шарл, на еден или друг начин, ќе има одлична кариера затоа што е одлично момче, многу е брз и псоедува се. Нема потреба да брза, млад е, но младите секогаш брзаат за се.

Навистина не знам кој и кога ќе биде мој колега за следната година, но и не ми е грижа. За мене е јасно каде ќе бидам следната година и сметам дека и Кими и Шарл би биле одлични за екипата – изјави Себ.

Германецот посочи дека нема никакви забелешки за неговото партнерство со Раиконен, иако по некогаш на патеката има незадоволство.

Ми се допаѓа Кими, се сложуваме и никогаш не сме имале проблеми. Се сеќавам дека еднаш на патеката влетав во него, искрено го средивме проблемот, бевме отворени еден со друг и немаше несогласување.


Ветел: Никој не го брза Леклер во Ферари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>