Ветел: Ние возачите, многу “кенкаме“

400
   

Себастијан Ветле смета дека тркачките стјуарди стануваат премногу наметливи и дека е вина на возачите за многуте поплаки. Тој додаде дека на возачите треба да им биде дозволено сами да си ги решат проблемите на патеката.

Неговото мислење доаѓа по инцидентот во квалификациите во Австрија по кој што на Ветел му беше доделена казна од 3 грид места, по што стартуваше како шестопласиран. Казната дојде поради блокирање на Карлос Саинз при крајот на К2.

Јас не го приметив. Мислев дека е таму некаде, но не знаев дали влезе во бокс или само што го започна својот летечки круг.

Очигледно, тој беше на брз круг, но јас неможев да го видам. Не ми беше пренесено преку радиото, така што можам само да му се извинам. Очигледно, не беше намерно.

Не сакам премногу да дискутирам околу тоа. Но книгата со правила сега е е***о огромна. Тоа е резултат на сите возачи, на сите нас. Мислам дека сите сме биле во таа ситуација, да плачеме и да се жалиме. “тој го направи ова, тој го направи она“. На крајот треба да не оставите да си го решиме тоа на патеката. Тое е мое мислење – изјави Ветел.

Во исто време, Саинз го покажа своето незадоволство со Ветел. Но потоа тој призна дека тоа не било вина на германецот.

Не сакам премногу да го обвинувам Себастијан. Ми се случило и мене претходно, инженерот не ви пренесува дека болидот позади вас е на летечки круг. И добив казна поради тоа, но не е секогаш вина на возачот – истакна Саинз.

Директорот за трка при ФИА, Чарли Вајтинг, инсистира дека казната која беше доделена на Ветел е целосно според слични инциденти во минатото.

Мислам дека казната беше заслужена, целосно постојана со претходни такви ситуации. Ако сакате да одите во насока во која ќе размислувате околу последиците од инцидентот, тогаш може едноставно да кажете “нема последици, нема вина“.

Последиците беа минимални. Но тоа не е нешто на што размислуваме моментално. Размислуваме околу тоа да ги дискутираме во иднина, но не сега – изјави Вајтинг.

Иако се пласираше во К3, Саинз имаше оштетување на предното крило и беше принуден да ја напушти патеката за да избегне контакт со Ферари-то. Тимот од друга страна би можел да не се согласи дека немало последици и вина во случајот.

Бев гневен во моментот бидејќи мислев дека поради тоа нема да влезам во К3. Но фала му на Бога што имав доволно добар круг при првиот обид, така што не ми влијаеше на квалификациите. Но ме чинеше ново предно крило – изјави Саинз.


Ветел: Ние возачите, многу “кенкаме“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>