Ветел не е воодушевен од формата на Ред Бул

329

Возачот на Ферари, Себастијан Ветел, вели дека не е воодушевен од формата на Ред Бул во досегашните слободни тренинг сесии, иако неговата мината екипа стигна до 1-2 пласман во Т1 и Т2.

Даниел Рикардо поведе во обете сесии, додека Макс Верстапен беше веднаш зад него. Ветел кој победи на минатогодишната трка во Монако, смета дека Ферари ќе се доближат во саботните сесии.

Ред Бул се секогаш силни во првите сесии, така што ќе видиме како ќе се одвиваат следните. Мислам дека ќе биде многу блиску. Немам фаворит засега.

Сметам дека ние треба да работиме на нашиот сетап и да си ја завршиме нашата домашна. Се чувствував удобно во болидот, малку пролизгуваше, но не е голем проблем. Сега мора да го намалиме пролизгувањето и со подобра форма ќе бидеме во подобра позиција – изјави Ветел.


Ветел не е воодушевен од формата на Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>