Ветел не го обвинува Ботас за контактот

675

Себастијан Ветел не смета дека Валтери Ботас е виновен за контактот по кој финецот заврши со оштетување и загуби три позиции, а возачот на Ферари профитираше и доби второ место. Ветел го мина Валтери на излезот од првата кривина на 5 кругови пред крајот на трката, но Мерцедес се обиде да врати на внатрешниот дел од следниот свиок, предоцна сопре и имаше контакт со задниот дел од СФ71Х.

Предното крило на Ботас беше скршено, инцидентот го врати на 5то место, доби казна од 10 секунди поради следниот дуел со Рикардо, а Ветел немаше проблеми во остатокот од трката.

Одеднаш почувствував удар во задниот дел. Ботас немаше каде да оди, немаше место да мине затоа што јас веќе бев пред него. Но, никако не го обвинувам, немаше грип од гумтие затоа што долго ги возеше, а бевме блиску еден до друг и во таков момент е многу тешко да се запре болидот, тркалата се закочија и имавме контакт – објасни Ветел.

Германецот “го бркаше“ Валтери неколку кругови откако сфати дека неговите посвежи ултрасофт се во многу подобра кондиција од оние на финецот кој се обиде со едно влегување кое го изведе многу рано со цел да “ја покрие“ стратегијата на Кими Раиконен.

Веднаш сватив дека како се ближеше крајот бев многу побрз од него, задните гуми беа во многу подобра состојба од неговите и се обидов во внатрешниот дел на првата кривина на која имав ДРС и мирно минав на следната кривина знаејќи дека сум пред него.

Сакав да се осигураме дека не претерувам со кочењето и штом почнав да запирам почувствував контакт.

Второто место на Себ значеше зголемување на предноста на Хамилтон во возачкиот проедок на 24 поени.

Имав среќа што болидот беше неоштетен по ударот и немав дупната гума. екипата веднаш ми јави дека гумите се во ред, а чувството ми велеше дека ништо не е скршено на болиот.


Ветел не го обвинува Ботас за контактот

8 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

    • Nikola Dimovski Makedonski

      Така е Душко дури требаше да нападне после менувањето зошто имаше нови гуми а Ботас стари плус ДРС и на крај го нападна кога и самиот ги потроши неговите гуми се бореше Ботас и тоа е трка браво Ветел за изјавата .

    • Nikola Dimovski Makedonski

      Aleksandar Stefanoski не знам што виде ти во вистински спортмен , ова е трка Ф1 и со нови и со стари гуми треба да напаѓа да се трка , тоа е немоќ на Ветел и не знаење да изврши притисок за да нападне види ги новите пилоти со послаби болиди Гастли , Сајнц ,Леклерк и др се тркаат а Ветел се откажа , а ги моли во Ферари и плаче не можел да вози позади Раиконен па тој Раиконен оваа сезона ја извозе како во шампионските негови денови не ме сваќај погрешно самиот Ветел си се одалечи од својте шанси за шампион иако е рано ќе видиме .

  • Ivicalucky
    Остави коментар

    Толку нереално али фетел е крив што не нападна порано али докажа дека не е плачко како хмилтон да беше обратно ситуација ќе беше урнебес ферари намерно ме удрија прават црни сценарија итн. Браво фетел затоа си подобар од размазеното циганче