Ветел не ги разбира обвинувањата на Хамилтон

567

Луис Хамилтон ги обвини Ферари за трикови и финти на болидот, за потоа да се корегира и да изјави дека не се сомнева во легалноста на нивниот болид, но не Себастијан Ветел тоа не му пречи и тој не ги разбира коментарите на актуелниот првак. Германецот од Ферари доминираше на минатата трка во Белгија и го намали заостатокто во однос на Хамилтон на 17 поени.

Мислам дека на прес конференцијата рече нешто како трикови, но мислам дека и многу пати објасни дека не сака да биде пренесен на погрешен начин. Можеби и точно така беше пренесен, не сум сигурен – објасни Ветел.

Тој појасни дека не е засегнат од коментарите на Хамилтон и од обвинувањата дека болидот на Ферари не е согласно правилата. Наместо тоа, Себ сака да наведне глава и да се фокусира на трката и борбата која му претстои.

За сите нас, дали болидот е легален или не е работа и одлука на ФИА, а ние имавме неколку проверки во текот на минатиот викенд за да се докаже тоа. Се додека не чујам нешто од нив, за мене се е во најдобар ред, а исто и за другите.

Можеби тој се прашува каков е нашиот болид, но ние знаеме дека е согласно правилата и затоа ја држиме главата ниско и работиме.

Ако постои нешто како моментум, тогаш сакаме да го искористиме на домшната трка и да одиме понатаму – појасни Ветел.


Booking.com

Ветел не ги разбира обвинувањата на Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>