Ветел: Нема да го повториме ланскиот дебакл

499

Себастијан Ветел е сигурен дека Ферари ќе избегне реприза на ланскиот колапс кога требаше вистински да ги предизвикаат Мерцедес во борба за титула. Тој и Хамилтон се бореа за шампион во 2017 година, а возачот на Ферари влезе во летната пауза со предност, но очајниот втор дел од првенството, пред се дефектите и грешките, им ја одземаа титулата на италијанците.

Луис и Себ повторно се борат за титула сезонава, водството се префрла неколку пати до сега, а на пауза британецот оди како првопласиран со 24 поени предност по последната победа на Хунгароринг.

Како што видовме годинава предноста се менува од една на друга страна и јасно е дека консантност ќе биде многу важна во борба за титула. Не си направив услуга со мојата трка во Германија, но тоа е моторспортот.

Споредено со лани кога ја загубивме титулата, мислам дека беше поради фактот што болидот не беше доволно брз во последниот дел од првенството и покрај тоа што се лсучи во однос на незавршените трки.

Поради тоа се надевам дека годинава ќе покажеме многу повеќе со болидот во вториот дел од сезоната, ќе покажеме дека истиот е многу силен затоа што знам дека имаме уште потенцијал во него.

Убеден сум дека со тоа што се работи во тек о фабриката можеме значително да се подобриме. Ќе видиме, мора да биде интересен втор дел од сезоната – наајви Ветел.


Ветел: Нема да го повториме ланскиот дебакл

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>