Себастијан Ветел смета дека на Ферари им фалело самодоверба на мокриот Хунгароринг и поради тоа биле побавни во однос на Мерцедес. “Црвените“ беа најбрзи во текот на тркачкиот викенд крај Будимпешта на сувиот и топол автодром, но Мерцедес се преродија штом почна да врне.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Мередес го окупираа првиот ред, Ферари вториот, а Раиконен беше побрз од себастијан Ветел. Германецот призна дека не биле доволно добри.

Не мислам дека којзнае колку ни фалеше, но сепак не бевме доволно добро. Се мачевме на влажната патека и тешко извлекувавме перформанси од болидот. Круговите беа солидни, но едноставно не беа доволно брзи.

На мокра патека немаме самодоверба како на сува така што ни претстои работа пред трката. Сесијата беше тешка и напорна, но мислам дека изменаџиравме солиден резултат на крајот, иако сакавме да тргнеме од првиот ред – смета Ветел.

За утрешната трка нема најави за дожд, така што Себ се надева дека ритамот и брзината на Ферари ќе им донесат подобар пласман од квалификацискиот.

На сува патека имавме контрола, но не беше така на квалификациите попладнево. Така требало да биде, но ќе видиме утре затоа што трката е долга и ќе сакаме да се вратиме онаму каде што бевме на сесиите пред квалификациите.

Нема да биде лесно и очигледно дека е подобро да се стартува од прво место, но јас ќе почнам од 4то и ќе се фокусирам да победам од таа стартна позиција – заврши Ветел.


14 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.