Незадоволниот Себастијан Ветел смета дека “нечистиот“ последен летечки круг е виновен што не стигнал до пол позиција на Италијанското Гранд При, а по крајот на квалификаиите не даде коментар зошто не сакал да говори преку тимското радио по крајот на сесијата, нешто што тој секогаш го прави.

Че зборуваме подоцна – гласеше кусиот коментар на германецот откако сфати дека неговиот колега бил побрз и стигнал до пол позиција пред тифозите во Монца.

Двата летечки кругови во К3 сегментот Ветел ги одработи пред Раиконен, влечејќи го својот тимски колега за подобро време, но во вториот свој обид тој беше влечен од страна на луис Хамилтон.

Моето незадоволство нема врска со влечењето. Очигледно е дека не сум задоволен, но не ви кажувам зошто – дрско одговори Ветел.

Германецот го објасни редот во Ферари, кој возач вози во слипстрим зад кого.

Имаме распоред кој се менува секоај недела, а викендов беше ред Кими да оди за мене. Толку е едноставно.

Да бидам искрен мојот круг не беше многу чист, другите кругови претходно всушност беа подобри. Загубив малку време на првата штикана, загубив малку и на Лесмос, загубив по малку секаде.

Последниот сектор беше во ред, но не беше фантастичен така што круго во целост не беше доволно добар, што е очигледно. Бев среќен што дојдов до второ наместо до трето место, но не сум задоволен – објасни Ветел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.