Ветел: Најдобар ден во мојата кариера, штета за Луис

795

Себастијан Ветел ја нарече својата пол позиција во Германија како најдобар момент во неговата кариера, но е критичен кон техничките проблеми кои го спречија Луис Хамилтон да му конкурира. Хамилтон мораше да откаже во К1 по проблем со хидрауликата и менувачката кутија и трката ќе ја започне од 14 место.

Ветел ќе цели кон прва победа на Хокенхајмринг, кој е лоциран само 30 минути од неговиот роден град, а во квалификациите стигна до пол позиција со рекордно време. Домашниот фаворит беше 2 десетинки побрз од Валтери Ботас, кој беше единствен конкурент од Мерцедес.

Иако беше видно возбуден за својата 55та пол позиција, Ветел го сподели своето мислење и за непосакуваната ситуација на Хамилтон.

Денес е еден од најдобрите денови во мојата кариера, со германските фанови, знамиња, како и знамиња на Ферари.

Не посакувате лоша среќа или технички проблеми да му се случат на никој, така што е голема штета што Хамилтон мораше да се откаже и искрено го мислам тоа – изјави Ветел.


Ветел: Најдобар ден во мојата кариера, штета за Луис

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>