Ветел: Мислев дека ќе го стигнеме Хамилтон

942

Себастијан Ветел заврши на втората позиција за Големата награда на Унгарија, но признава дека навистина се надевал оти ќе го предизвика Луис Хамилтон.

На вчерашните мокри квалификации тој успеа да стигне до 4то стартно место на гридот, но денешното време ги натера Ферари да веруваат дека можат да се борат со Хамилтон за победа. Сепак не успеаа во тоа.

Двата Мерцедеса на стартот ги задржаа своите позиции, додека Валтери Ботас успеа да ги задржи двете Ферари да се доближат до Хамилтон, овозможувајќи му на британецот да “набилда“ предност. На Ферари му недостасуваше темпо да го нападнат Ботас и да продолжат кон Хамилтон.

Не знам, мислам дека нешто беше заглавено позади. Имавме тешка трка. Очигледно е дека не бевме во добра позиција за да ја искористиме брзината што ја имавме. Мислам дека ќе се боревме со Луис во однос на темпото за трка.

Имав добар старт на потврди гуми и тогаш бев на 3то место. Мислам дека бевме добри и малку е тешко да се процени кога да се влезе во бокс, а таму имавме проблем па морав да излезам зад Ботас.

Веднаш сфатив дека не можам да го фатам бидејќи гумите му беа нови и чекав до последните 10 кругови. Тоа успеа бидејќи неговите гуми стануваа се полоши и очигледно е дека жолтите гуми од првиот стинт ме натераа да помислам дека ќе го стигнам на крајот. Втора позиција не е тоа што очекував но мислам дека е максимум за денеска.

Ветел тргна во престасување на Ботас и кога го помина финецот имаше контакт со Ферарито. Ветел остана неоштетен и продолжи до крајот, а Валтери го загуби и 4то место од Даниел Рикардо во последниот круг од трката.

Искрено бев изненаден бидејќи бев веќе напред и почнав да сопирам и тогаш нешто ме удри од позади. Не бев сигурен што се случува и ги видов Валтери и Кими во ретровизорот. Тогаш ми стана јасно. Имав среќе бидејќи болидот не беше оштетен и можев да продолжам – заврши германецот.


Ветел: Мислев дека ќе го стигнеме Хамилтон

10 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>