Ветел: Мерцедес има предност

333
   

Себастијан Ветел смета дека јасен фаворит пред Австриското Гранд При е екипата на Мерцедес, откако заврши позади Луис Хамилтон и Валтери Ботас во петочните слободни тренинг сесии.

Возачот на Ферари, кој сеуште не се пласирал на прво место во овие тренинг сесии досега од сезоната, Т2 ја заврши со трето најбрзо време, скоро четвртина од секунда побавно од Хамилтон во сесија во која Мерцедес воведоа нови значителни подобрувања на шасијата, по новиот агрегат промовиран во Франција.

Иако Ферари често не ги покажува целосните перформанси во петочните сесии, Ветел смета дека предноста во темпото на Мерцедес е очигледна и очекува тешка трка викендов. Мерцедес имаат победа во Австрија секоја година почнувајќи од 2014.

Навистина е блиску, мислам дека Мерцедес имаат предност, изгледаа многу брзи во сите услови, но не беше лесна сесија. Ние поминавме многу кругови, што е добро, така што би требало да сме подготвени за саботните сесии, како и за Недела – смета Ветел.

Себастијан ја истакна важноста на квалификациите, поради ограничените можности за претекнување, дури и со дополнителната трета ДРС зона и секако ќе цели кон пол позиција.

Секогаш е важно да се стартува од пол позиција, но тука е навистина тешко за претекнување. Мислам дека имаме добра брзина, во Сабота сме често посилни во споредба со првите сесии, така што се надевам дека тоа ќе се случи и на оваа патека. Потоа ќе видиме – додаде Ветел.

Ветел го изгуби водството во генералниот пласман по трката во Франција и сега заостанува 14 поени позади Луис Хамилтон.


Ветел: Мерцедес има предност

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>