Фетел: Мал проблем му помогна на Хамилтон

981
   

Себастијан Ветел признава дека мало блокирање на тркалата во 12от свиок било клучно за тоа што Луис Хамилтон го престасал во 16от круг откако двајцата возачи променија гуми.

Возачот на Ферари излезе пред британецот по боксот, но во наредниот круг направи грешка што му дозволи на Хамилтон да го престаса.

Ветел го одби првиот напад, но тоа не траеше долго. Два свиока подоцна Ветел беше веќе зад Хамилтон, а бил свесен дека Валтери Ботас забавл за да му даде можност на својот колега да го помине Ветел.

Валтери веднаш забави кога виде каде сум. Изгубив околу 1,5 секунди, но сепак после мислев дека ќе сум во ДРС. Имав блокирање на тркалата и тоа ме чинеше многу. Луис беше блиску на нови гуми, а моите беа 2 круга стари.

Очигледно Мерцедес работеа добро од стартот. Немав каде да одам бидејќи не ме влечеше никој и не можев да напредувам од стартот – појасни Себ.

Ферари имаа добра стратегија со порано влегување во боксот, но тоа траеше само кратко.

Ме изненади со брзината во излезниот круг. Успеавме да го изненадиме Луис, но подоцна Валтери почна да забавува, а ние се мачевме во последниот сектор кога Луис беше блиску. Тогаш се обиде да ме престаса. Успеав да се одбранам и не бев сигурен тој точно каде се наоѓа. Знаев дека е на надворешната страна и мислев да му оставам простор но тешко е да проценам колку му е потребно.

Германецот верува дека на крај имал подобро темпо но не успеал да се приближи до Ботас.

Бевме подобри со гумите, но немавме темпо. На крајот сакав да го притиснам Валтери, но бев далеку. Сепак ова беше добра трка и мислам дека бевме поблиску но не го добивме посакуваниот резултат.


Фетел: Мал проблем му помогна на Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>