Себастијан Ветел е свесен дека доколку сака д ја врати надежта за титула оваа година, треба да погледне и да се анализира себе си, а не возењето на Луис Хамилтон и она што се случи на Италијанското Гранд При. Германецот имаше некарактеристични грешки во Азербејџан, Франција и Германија така што во моментов е 30 поени зад актуелниот првак. Себ не се плаши да признае дека му треба најдоброто од СФ71Х плус безгрешен тркачки викенд за да има шанси по 5ти пат да стане Формула 1 првак.

За мене се е јасно, најголем непријател сум самиот на себе. Имаме одличен болид, имам фантастичен алат за работа и имам шанса да го “поведам орото“. Очигледно Луис е на прво место во моментов, тој им предност и тој е возачот кој треба дса се победи, но ние ги имаме сите шанси.

Сеуште сме во игра и имаме голема шанса, но како што реков самите сме најголеми непријатели, а не тој како личност и не Мерцедес како ти. Треба да се погледнеме и анализираме самите, а ако тоа го направиме имаме добра шанса да победуваме и да изгледаме добро – смета Себ.

По овие коментари, се чини дека четирикратниот првк не е задоволен со последните свои трки.

Не е баш така, но тие денови беше поинаква приказна. Нормално е да помислите дека сте можеле подобро на некои трки од различни причини, но имаше и трки каде се надевавме на помалку, а добивме повеќе. Секако дека најлошо ми беше во Германија, но најважно е дека знам што се случи и можам да објаснам, а потоа сите да си имаат свој став.

Сакав да победам во Германија, бидете сигурни во тоа, но не ми смета многу тоа што се случи и вообичаено гледам кон напред и не се фокусирам на она што поминало и што сум можел поинаку да одработам.

Следува трката во Сингапур каде тој е рекордер по бројот на победи со 4 триумфи.

Ритамот овдека е поинаков од вообичаените азиски трки затоа што остануваме по европско време, но тоа не е новитет. Топло е и влажно, така што мора брзо да се навикнете, но и тоа е вообичаено, свесни сме и фокусирани на подготовките, да дојдеме одморени и здрави, тоа е прв приоритет.

Сакам да доашам во Сингапур, ми се допаѓа патеката, иако е најтешка во календарот, ментално и физички. Ова е таква трка која не сакате да почне, секогаш мислите дека можете да сте подобро подготвени, но штом почне предизвикот е фантастичен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.