Ветел и Вајтинг не се согласуваат околу ВБВ

371

Себастијан Ветел смета дека некои возачи го злоупотребуваат Виртуелното безбедносно возило, така што таа дупка во правилата сака што поскоро да биде затворена.

Ферари се реши за промена на гуми при за време на трката, со цел да има посвежи губи во трката по Луис Хамилтон, но поради тоа загуби две позиции, беше минат од Валтери Ботас и Макс Верстапен, финиширајќи на 4то место.

Исто е за сите поради тоа што ФИА ни дава систем со делта време кое треба да се следи и поради тоа сите се забавени за мислам околу 40%, но сите знаат дека може да имате побрзо време при ВБВ со кратење на дистанцата. Мора да се воведе систем кој ќе ја пополни таа дупка затоа што не тера да возиме на смешен начин по смешни линии околу патеката, а тоа го прават сите, не е тајна.

Спортот треба да биде многу подобар од еден софтвер кој дозволува да најдеме дупки кои ќе ни дозволат екстра перформанси на некој непредвиден начин – смета Ветел.

Засегант од ова, Чарли Вајтинг му одговори на германецот дека ВБВ системот е совршено калибриран и нема потреба да се доработува и оптимизира.

Навистина, искрено, не знам за што тој збоурва. ВБВ има мапа во електрониката која е 30% побавна од нормален, брз круг така што возачите мора да го следат тоа во текот на кругот. Мерењата се секои 50 метри минати по асфалтот и се мери онаму каде што е важно и каде може да се надомести и загуби. Секои 50 метри ве потсетува дали сте над или под времето поставено како репер.

Дозволено е да сте побрзи од референтното време, но се додека сте позитивни на секоја сектор и на првата линија за безбедносното возило. Дури и ако некој е пребавен, се додека се на нула на линијата не е важно.

Мерењео на секои 50 метри не дозволува да се стекнете со предност откако ќе изберете поинаква траекторија на движење. Го сваќам што кажува Ветел, но тркачката линија е оптимална – одговара Вајтинг.


Ветел и Вајтинг не се согласуваат околу ВБВ

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>