Ветел и Биното за новите ретровизори

721

Себастијан Ветел откри дека револуционерните ретровизори кои Ферари за прв пат ги покажа во Барселона се првенствено како олеснување за возачите, а потоа како аеродинамичко подобрување. Некои тимови побрзаа да ги обвинат италијанците дека користат дупка во правилата, но Себ експресно го демантираше тоа.

Да бидам искрен ретровизорите ни помагаат многу подобро да гледаме што се случува позади, тоа е главната причина за промената, иако сметам дека прават и самото хало да изгледа доста подобро.

Не се голема работа. Претходно беше малку потешко за нас да ги гледаме болидите зад нас, а сега тие се во подобра позиција и можам да гледам доста под задното крило – објасни Ветел од Шпанија.

Техничкиот шеф на екипата, Матиа Биното, призна дека има и повеќе од прегледноста во новите ретровизори кога беше запрашан околу истите за време на прес конференцијата.

Кога развивате аеродинамика ги разгледувате сите можности кои ги имате и кои од нив се согласно правилата.

Овие ретровизори се така позиционирани што се наоѓаат во подобра област за возачите. Прегледноста е зголемена одзади, но и однапред, кај предните гуми.

Се работи за нормален развој. Не може да судите зошто ретровизорот е таков, зошто крилото е така изведено, затоа што сето тоа е нормален развој кој доаѓа од креативноста на инженерите – заклучи Биното.


Ветел и Биното за новите ретровизори

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>