Ветел: Имавме лоша втора сесија

302

Себастијан Ветел откри дека Ферари направиле промени кои не се покажале добро на втората тренинг сесија во Сингапур, поради што уништи дел од својот болид и пред време ја заврши сесијата. Втората тренинг сесија германецот ја заврши со 9то најбрзо време откако добро до допре ѕидот на 21та кривина на патеката, по што не се врати на патеката и пропушти клучен дел кога се работеа симулации на трка,

Кругот додека не го “бацив“ ѕидот беше добар, но бе бев задоволен од болидот. Утрото на првата сесија беше добро, но потоа направивме промени кои очигледно не ба добри и веројатно ќе се вратиме на утринското сетирање. Јасно е дека не беше само допир до оградата поради што како мерка на претпазливост решив да не возам за да се провери се. Загубивме време што знам дека не е идеално, но имам добро претчуство.

Утре ќе биде клучно да се најде добар баланс и добро чувство во болидот. Мора да се подобриме во однос на попладневните 90 минути и се ќе биде во ред – најави Ветел.

Германецот не смета дека тоа што преседел голем дел од сесијата не е проблем поради тоа што не се на почеток од сесијата кога имаат малку податоци. Тој смета и дека тоа што седел во гаражата му помогнало да анализира што правеле ривалите.

Се наоѓаме доцна во сезоната така што знаеме што треба да правиме, го знаеме тоа и од другите екипи така што малку време на патеката не е проблем. Имаме добро искусво во читањето на тоа што го работат другите, нивните серии и гумите што е клучно за Недела.

Сигурно дека не е идеално ова што се случи денеска, но не можеме ништо да промениме. Ќе се обидеме да надоместиме утре.

Изгледа дека се обидев пресилно и загубив, но се на се болидот работи добро и може да се подобриме дополнително. Сеуште не смет таму каде што сакам и утре ќе бидеме побрзи – полн со верба е Ветел.


Booking.com

Ветел: Имавме лоша втора сесија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>