Себастијан Ветел беше побрз од било кого на втората тренинг сесија во Италија, иако не смета дека го извадил најдоброто од болидот на Ферари.

Не сум целосно задоволен од денот, затоа што знам дека можеме да се подобриме поради големиот потенцијал што го има болидот Балансот не е совршен, но верувам дека можеме да го дотераме за утре се да биде во најдобар ред. Можеме побрзо утре затоа што пакетот е фантастичен. Ќе продолчжиме да си ја работиме нашата работа – појасни Себ.

Денот не започна добро за германецот затоа што загуби време на првите 90 минути поради проблеми со менувачот и мина само 4 кругови на патеката.

Утрово имавме мали проблеми со болидот, сакав да возам, но моравме да го провериме менувачот за да се осигураме дека се е во најдобар ред.

Дождот утрото го намали возењето од страна на сите возачи така што паркираниот Ветел не загуби многу, но попладнето брзо се врати и возеше фантастично, иако откако го постави најбрзиот круг, на следниот излета на легендарната Параболика.

Малку повеќе ризикував, проблемот беше од моја страна и затоа загубив малку време. Но, добро е да се зае каде е лимитот, се обидов и знам дека не можа да минам на тој начин, добро е да се знае.

Мислев дека излетав без да го допрам болидот, но малку сум се допрел до гумите. Нежно удрив во бариерата и имав ситна штета на задното крило кое потоа беше заменето, но освен тоа болидот беше неоштетен.

Себастијан бз ничија помош успеа да го извади СФ71Х од песокта назад на патеката без да предизвика црвено знаме и без да добие туркање од некој крај патеката.

Барем сам излегов од песокот, што е тешко, дури и ако сте пешки. Најважно е што можев да продолжам да вртам кругови и да собирам податоци.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.