Ветел засега задоволен

230

Себастијан Ветел открива дека има пристап трка-по-трка оваа сезона со цел максимизирање резултатите и се разбира, шампионска титула. Пред престојниот тркачки викенд германецот заостанува 4 поени зад Луис Хамилтон, иако падокот говори дека СХ71Х е најдобар болид на гридот.

Себ триумфираше на првите две трки од сезоната, во Кина имаше судар со Верстапен и заврши на 8мо место, додека на последната трка се прецени во обидот да го мине Валтери Ботас и мораше да се задоволи со 4то место.

Мислам дека од засега покажаното можеме да бидеме среќни и задоволни, многу сме конкурентни и имаме шанса да се бориме за победа на најголем дел од трките досега.

Има уште навистина многу трки до крајот така што нема поента да зборуваме за борба за титула. Во моментов мора да се бориме максимално на секоја трка за колку што може подобар резултат, а кон крајот на сезоната да бидеме во конкуренција за титула и да го направиме решавачкиот чекор.

Природно е да сакате да завшувате трки во поени како што е природно и да сакате да победите на трка. Ако успеете секоја викенд да доаѓате до најдобриот можен резултат, тогаш е добро затоа што сте во позициа за се борите за поени – смета Себастијан.

На квалификациите во пресрет на првата трка во Австралија се чинеше дека Мерцедес ќе ја продолжи доминацијата во турбо хибридната ера, но Ветел беше тој кој победи на крајот во Недела. “Сребрените“ се мачат да ги стигнат Скудерија во останатите трки, а во Кина Ред Бул беа тие кои победија.

Искрено е да кажам дека во Австралија, Мерцедес го имаше најбрзиот болид, најдобриот пакет, а потоа ние бевме на исто ниво со нив и со Ред Бул. На квалификациите ја правиме работата што треба да ја правиме, а мислам дека кај некои возачи се појавуваат проблеми. Не разбирам зошто понекогаш, како на пример Ред Бул во Баку, беа толку брзи во Петок, а многу побавни во сабота, а во Недела повторно имаа ритам.

Минувајќи низ викендот, некогаш се чувствувате удобно во болидот, некогаш помалку и се обидувате да го пдоесете сетапот, така што мислам дека факт е деа е многу блиску на врвот од поредокот и мали разлики ќе решаваат.

Дојдовме во Шпанија со доста новини исто како и сите и ќе видиме каде ќе не однесе тоа. Убаво е да тргнете од прво место, добро е и да тргнете од 6то место се додека иамте добар ритам за победа. Добро е луѓето кои гледаат да не знаат кој ќе победи – заврши Ветел.


Ветел засега задоволен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>