Ветел: Едно застанување не беше опција

549

Себастијан Ветел изјави дека Ферари не планирале стратегија со едно застанување по нови гуми, ситуација поради која тој падна од втора на четврта позиција.

Стартерите од предниот ред беа на софт гуми и се предвидуваше дека трка со две застанувања ќе биде побрза, но сепак и со едно застанување се покажа дека може да се извози трката.

Ветел остана пред Ботас и го задржа второто место при првите боксови.

Подоцна болидот на Окон имаше проблеми со моторот и се појави Виртуелно безбеносно возило кога германецот влезе по втор пар медиум гуми со што падна од втора на четврта позиција. До крајот на трката Ветел не успеа да го престигне Макс Верстапен. Ова е трета трка за ред каде Ветел не успева да се искачи на подиумот по двете победи на почетокот на сезоната.

Немаше опција да останеме надвор. Побрзо менувавме и можеби изгледа погрешно,но мислам дека беше вистинска одлука – смета Себ.

Пирели го намали гумениот слој за 0,4 милиметри за овој настан поради проблеми со појава на меури на гумите на предсезонскиот тест, откако беше преасфалтирана патеката.

Мислам дека гумите ја направија разликата. Тешко е да се кажже како би било без промената, но се на се имавме достоен викенд и ќе мора да работиме да ги научиме гумите. Овие гуми ги имаме во Франција и на Силверстон и мора да научиме како да ги користиме.


Ветел: Едно застанување не беше опција

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>